Аџибадем Систина

КАКО ПОЛЕСНО ДО УСПЕШНА БРЕМЕНОСТ

18.11.2025

Започнуваме со ново едукативно предавање наменето за сите што планираат бременост и сакаат подобро да се информираат за чекорите што водат до остварување на желбата за потомство. На предавањето ќе имате можност да дознаете кои современи методи и совети можат да ви помогнат полесно да забремените, како и за факторите што влијаат врз плодноста и успешното зачнување. Нашите искусни стручњаци ќе ви ги објаснат сите фази од процесот – од планирањето и подготовката на организмот, до медицинските опции што стојат на располагање и притоа ќе одговорат на сите ваши прашања, дилеми и нејаснотии.

Теми што ќе се обработат на предавањето:
🔹Плодност: Заедничка мисија на двата партнера
🔹Како се одвива процесот на забременување
🔹Предуслови за успешна бременост
🔹Како до успешна ИВФ од прв обид
🔹Можни причини за неплодност
🔹Совети за полесно забременување
🔹Суплементи и исхрана за двата партнера
🔹Кои прегледи и анализи може да помогнат
🔹Процедури на потпомогнато оплодување (ИВФ, ИЦСИ, инсеминација)
🔹Замрзнување на јајце-клетки
🔹Донорски програми
🔹Кога да побарате стручна помош
🔹Прашања и одговори.
Повелете, информирајте се и направете го првиот чекор кон исполнување на вашата најголема желба – да станете родители.
Регистрирајте го вашето присуство на callcenter@acibademsistina.mk или на телефонскиот број 02 30 99 500. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.