Започнуваме со ново едукативно предавање наменето за сите што планираат бременост и сакаат подобро да се информираат за чекорите што водат до остварување на желбата за потомство. На предавањето ќе имате можност да дознаете кои современи методи и совети можат да ви помогнат полесно да забремените, како и за факторите што влијаат врз плодноста и успешното зачнување. Нашите искусни стручњаци ќе ви ги објаснат сите фази од процесот – од планирањето и подготовката на организмот, до медицинските опции што стојат на располагање и притоа ќе одговорат на сите ваши прашања, дилеми и нејаснотии.
Теми што ќе се обработат на предавањето:
Плодност: Заедничка мисија на двата партнера
Како се одвива процесот на забременување
Предуслови за успешна бременост
Како до успешна ИВФ од прв обид
Можни причини за неплодност
Совети за полесно забременување
Суплементи и исхрана за двата партнера
Кои прегледи и анализи може да помогнат
Процедури на потпомогнато оплодување (ИВФ, ИЦСИ, инсеминација)
Замрзнување на јајце-клетки
Донорски програми
Кога да побарате стручна помош
Прашања и одговори.
Повелете, информирајте се и направете го првиот чекор кон исполнување на вашата најголема желба – да станете родители.
Регистрирајте го вашето присуство на callcenter@acibademsistina.mk или на телефонскиот број 02 30 99 500.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.