Од 12 до 14 ноември во Валенсија, Шпанија, се одржа 40. Годишен конгрес на EACTAIC посветен на темата „Безбедност на пациентите и мониторинг“. На овој престижен европски настан на кој зедоа учество истакнати меѓународни експерти учествуваше и д-р Бети Κостадиновска-Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување при Одделот за интензивна нега во кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Таа се претстави со своја стручна презентација на тема: „Интраоперативна употреба на есмолол како стратегија за кардијална заштита со цел намалување на ослободувањето тропонин и потребата од фармаколошка поддршка по операција на коронарни артерии“.
Учеството на д-р Костадиновска-Јорданоска на овој конгрес е признание за клиничката експертиза и научната работа на нашиот тим. На овој конгрес на учесниците им се овозможува директен пристап до најновите научни сознанија, современи мониторинг-техники и најдобрите практики во кардиоторакалната анестезиологија и интензивна нега. Преку предавања, заеднички сесии и практични работилници, учесниците ја продлабочуваат својата експертиза и ги унапредуваат клиничките вештини. Конгресот претставува и важна можност за размена на искуства и создавање нови професионални соработки, што директно влијае врз подобрување на квалитетот на третманот и безбедноста на пациентите.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.