ДВОЈНА КОНТРОЛА КАКО ЗЛАТЕН СТАНДАРД ВО ПРИМЕНАТА НА ХЕМОТЕРАПИЈА

ДВОЈНА КОНТРОЛА КАКО ЗЛАТЕН СТАНДАРД ВО ПРИМЕНАТА НА ХЕМОТЕРАПИЈА

19.11.2025

Во рамки на 62. Онколошки конгрес, од 12 до 15 ноември во "Сава центар" – Белград, се одржа и 38. Симпозиум на онколошките медицински сестри, со значајно регионално учество од повеќе земји од Балканот. На конгресот, како значаен настан во онколошката дејност и можност за нови знаења и искуства, од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ присуствуваа Ирена Јовановска-Баришиќ и Елена Јованоска, медицински сестри од Одделот за онкологија и радиотерапија.
На овој конгрес, медицинската сестра Ирена Јовановска-Баришиќ се претстави со темата „Двојна контрола – златен стандард во примена на хемотерапија“, со посебен осврт на важноста од безбедна, прецизна и правилна подготовка и апликација на хемотерапијата. Таа ја истакна клучната улога на двојната контрола како основен механизам за зголемување на безбедноста на пациентите, минимизирање на можни грешки и осигурување на највисоки стандарди во онколошката нега.

„Значењето на овој процес е од суштинско значење – секоја доза, секоја подготовка и секој чекор се проверуваат двапати, со што се обезбедува максимална сигурност и доверба во третманот што пациентите го добиваат“, изјави таа. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.