Викендов, под мотото „За машко здравје“, се одржа инспиративниот настан „Movember на Водно“. Настанот ги обедини учесниците во искачување, дружење и едукација, со цел подигање на свеста за важноста на превенцијата и грижата за машкото здравје.
Централен дел од програмата беше предавањето на д-р Даниел Петровски, специјалист по урологија од Клиничка болница „Аџибадем Систина“, кој говореше за битноста на редовните уролошки прегледи и навременото откривање на заболувања.
Д-р Петровски потенцираше дека раното откривање и редовните контроли се клучни за здрав и квалитетен живот, охрабрувајќи ги присутните мажи да ја надминат стигмата и редовно да се грижат за своето здравје.
По едукативниот дел, учесниците уживаа во пријатна дружба во духот на movember- кампањата, а беа поделени и ваучери за бесплатни уролошки прегледи, како поттик за прв чекор кон подобро здравје.
Со вакви активности, Прилепска пиварница и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорнос, како и поддршката кон иницијативи кои промовираат здрави навики и свесност за машкото здравје.
„Movember на Водно“ покажа дека преку спорт, дружење и едукација може да се испрати силна порака – дека здравјето е најголема вредност.