Во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа стручна обука на тема „Нега на неврохируршки пациенти“ наменета за медицински сестри/техничари кои работат во болнички услови. Обуката имаше за цел да ја подобри стручната подготвеност, клиничкото расудување и практичните вештини на сестринскиот кадар во третманот и згрижувањето на пациенти со неврохируршки дијагнози. Ментор на обуката беше доц. д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија, а презентери беа Андроники Бибовска, медицинска сестра за едукации и тренинзи и Влатко Илиески, одговорен физиотерапевт во болницата. Целта на ваквите специјализирани предавања се континуиран развој на медицинските сестри и споделување новитети во одредени гранки на медицината.
Обуката беше интерактивна, со презентации, практични примери од клиничката практика и размена на искуства помеѓу учесниците. Посебен акцент беше ставен на важноста на брзата реакција и континуираниот мониторинг, како и на тимската комуникација помеѓу сестринскиот кадар, неврохирурзите и анестезиолошкиот тим. Учесниците добија едукативни материјали и препораки за понатамошно усовршување, а со обуката се очекува да се подигнат квалитетот на сестринската грижа, безбедноста на пациентот и ефикасноста во клиничката практика.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.