Аџибадем Систина

„НЕГА НА НЕВРОХИРУРШКИ ПАЦИЕНТИ“ КАКО ДЕЛ ОД КОНТИНУИРАНИТЕ СЕСТРИНСКИ ЕДУКАЦИИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

04.11.2025

Во просториите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа стручна обука на тема „Нега на неврохируршки пациенти“ наменета за медицински сестри/техничари кои работат во болнички услови. Обуката имаше за цел да ја подобри стручната подготвеност, клиничкото расудување и практичните вештини на сестринскиот кадар во третманот и згрижувањето на пациенти со неврохируршки дијагнози. Ментор на обуката беше доц. д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија, а презентери беа Андроники Бибовска, медицинска сестра за едукации и тренинзи и Влатко Илиески, одговорен физиотерапевт во болницата. Целта на ваквите специјализирани предавања се континуиран развој на медицинските сестри и споделување новитети во одредени гранки на медицината.

За време на обуката беа опфатени следниве содржини:
  •            Основи на неврохирургија и најчести дијагнози
  •            Предоперативна подготовка на пациентот
  •            Постоперативно следење на невролошкиот статус
  •            Проценка на болка и аналгезија кај неврохируршки болни пациенти
  •            Менаџмент на рана, дренажи и мониторинг
  •            Спречување на компликации
  •            Стандарди, протоколи и документација според болнички и JCI-стандарди.

Обуката беше интерактивна, со презентации, практични примери од клиничката практика и размена на искуства помеѓу учесниците. Посебен акцент беше ставен на важноста на брзата реакција и континуираниот мониторинг, како и на тимската комуникација помеѓу сестринскиот кадар, неврохирурзите и анестезиолошкиот тим. Учесниците добија едукативни материјали и препораки за понатамошно усовршување, а со обуката се очекува да се подигнат квалитетот на сестринската грижа, безбедноста на пациентот и ефикасноста во клиничката практика.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.