На 17 и 18.10.2025 година во Белград, Република Србија се одржа XV конгрес на Здружението на анестетичари, сестри на интензивна нега и трансфузија на Србија. На истиот учество со свои членови како предавачи зема и Македонското здружение на медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега (МЗМСАРИН) чии членови на управен одбор се одговорната сестра на одделот за анестезија Марина Николоска и медицинската сестра за едукации и тренинзи Андроники Бибовска.
На конгресот дипл.мед.сестра специјалист анестетичар Андроники Бибовска одржа предавање на тема „Симулациски тренинзи за справување со катастрофи“, а како слушатели, присутни беа и дипл.мед.сестра Габриела Китевска, одговорна сестра на Ургентен центар и дипл.мед. сестра Илинка Матеска-Максимоска, сестра од Ургентен центар.
По предавањето се разви дискусија за начинот на подготвеност на медицинскиот персонал во КБ „Аџибадем Систина“, во однос на справување со природни катастрофи и начинот на одржување обуки за вонредни и непредвидливи ситуации. Присутните слушатели беа запознаени со функционирањето на тимови за вонредни состојби, хиерархиската поставеност и важноста на редовните вежби за одржување на подготвеноста на персоналот на највисоко ниво.
Во рамки на конгресот, учесниците имаа можност да присуствуваат на едукативни работилници, кои овозможија практична демонстрација и размена на искуства помеѓу учесниците и предавачите.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ постојано се залага за следење на едукативни настани и активно учество на нашите медицински сестри, со цел размена на искуства и континуиран професионален развој.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.