Аџибадем Систина

СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ И ПРИСТАПИ ВО ТРЕТМАНОТ НА РАКОТ НА ДОЈКА: МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ВО СКОПЈЕ

13.10.2025

По повод Светскиот месец за подигање на свеста за карциномот на дојка, во Скопје се одржа Меѓународен симпозиум на тема: „Карцином на дојка – Современи пристапи“.
Настанот беше организиран од Групацијата Аџибадем, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Здружението Езра.

На едно место се собраа реномирани доктори од областа на хирургијата, радиологијата, онкологијата и патологијата од Македонија, Турција и Албанија, со цел размена на знаења и најнови искуства поврзани со дијагнозата и третманот на карциномот на дојка.

Предавачи од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа: проф. д-р Андреја Арсовски – специјалист по градна хирургија, д-р мед. науки Маја Стојчевска-Чапова – специјалист по радиодијагностика, д-р Даниела Попоска – специјалист по онкологија и радиотерапија и проф. д-р Дева Петрова – специјалист по онкологија и радиотерапија.

На симпозиумот беа презентирани современи пристапи во лекувањето, нови методи и перспективи во грижата за пациентите со рак на дојка.

Од страна на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на овој значаен настан присуствуваа и м-р д-р Севим Шуекинџи, главен извршен директор, и
д-р Емилија Мирчевска, медицински директор.

Во рамки на симпозиумот беше организирана и панел-дискусија отворена за пациенти, со цел подигање на свеста, едукација и размена на лични искуства поврзани со справувањето со болеста.

    

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.