Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, свое предавање на тема „ROTEM SIGMA: Современа хемостатска стратегија во мултидисциплинарно управување со крвавење“ одржа прим. д-р мед. науки Бети Костадиновска-Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување. Во своето излагање таа ја нагласи клучната улога на point-of-care технологијата ROTEM SIGMA во современото управување со коагулопатиите — од кардиохирургија и трауматологија, до интензивна нега, акушерство, трансплантациска и педијатриска медицина.
Овие средби, на кои учествуваа бројни домашни и меѓународни експерти, како и претставници од балканските здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари, претставуваат значаен форум за унапредување на интердисциплинарната соработка, едукацијата и примената на современи технологии во лабораториската и клиничката практика. Настанот овозможи плодна размена на искуства, идеи и научни достигнувања, кои придонесуваат за континуиран развој на професијата и подобрување на квалитетот на здравствената заштита.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.