Аџибадем Систина

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ПАТУВАЊАТА НА ЈАНА“ ПОДДРЖАНА ОД ,,АЏИБАДЕМ СИСТИНА”

18.09.2025

Најубавите вселенски патувања можат да започнат од детската имагинација. Токму тоа ни го докажа малата писателка Андреа Шенгуловска, која има само девет години, исто колку и нејзината хероина Јана. Преку главниот лик, Андреа нè води на волшебни патувања низ вселената, таму каде што соништата стануваат реалност, а детската љубопитност нема граници.
 
Андреа е вистински мал уметник. Покрај тоа што пишува, таа свири пијано, црта и ужива да раскажува шеги. Сликовницата започнала да ја пишува на 8-годишна возраст, првично како подарок за нејзината баба, а една година подоцна, Андреа гордо во рацете ја држи печатената верзија на својот труд.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го препозна талентот и го поддржа детскиот труд на Андреа, чиј концепт на вселени и планети е идентичен со концептот на Одделот за педијатрија кој секојдневно ги развеселува нашите дечињата. Ни претставува чест што сме дел од овој прекрасен проект. Сигурни сме дека книгата „Патувањата на Јана“ ќе израдува многу дечиња и ќе ги охрабри да сонуваат, да читаат и да ја откриваат моќта на својата фантазија. 

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.