На 25 и 26 февруари во соработка со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се реализираа две крводарителски акции. За време на оваа дводневна крводарителска акција беа дарувани вкупно 204 единици крв.
Нашите вработени уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело, а желба да се дарува крв за да се спаси живот е, всушност, главниот мотив поради кој тие редовно се вклучуваат во овие акции.
„Аџибадем Систина“ и во иднина ќе продолжи да биде општествено одговорна компанија која ќе учествува во повеќе крводарителски акции и хуманитарни настани.
Првата крводарителска акција во нашата болница беше организирана во 2010 година и оттогаш во континуитет се одржуваат по неколку крводарителски акции годишно. Клиничка болница „Аџибадем Систина“ е особено горда на своите традиционални крводарители, меѓу кои има и рекордери, кои зад себе имаат и над 20 дарувања.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.