„Имунитет – предизвик на новиот милениум“ беше темата на едукативното предавање што го одржа д-р мед. науки Александар Сајковски пред вработените во компанијата „Македонски Телеком“. Настанот беше дел од тековната едукативна програма на „Аџибадем Систина“ која има за цел да го подигне нивото на информираност за најактуелните прашања за здравјето.
На предавањето, вработените имаа можност да слушнат корисни информации за имунитетот во детската возраст, дилемите поврзани со имунизацијата, како и за превенцијата преку имунизација за хуман папилома вирусот.
Настанот поттикна интересна дискусија и свесност за значењето на имунитетот како сериозен сојузник во борбата против голем број актуелни заболувања. Со овој настан, „Македонски Телеком“ уште еднаш потврди дека е компанија која инвестира во здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните семејства.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.