БЕБИЊАТА НА НЕОНАТОЛОГИЈА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГО РАЗУБАВИЈА ПОЧЕТОКОТ НА 2025 ГОДИНА
На првиот ден од новата година, мајките на Одделот за акушерија ги добија најубавите подароци – нивните новороденчиња, „облечени“ како новогодишни подароци. Првото празнично утро го обележаа насмевки, радост и топли прегратки, додека мајките со возбуда и нетрпение ги очекуваа своите бебиња во соба. Ова прекрасно изненадување беше организирано со помош на Дедо Мраз и посветените медицински тимови на Одделот за неонатологија, кои со многу љубов и посветеност се грижат за нашите најмали пациенти.
Со големо задоволство ги споделуваме фотографиите кои го разубавија почетокот на новата година!