Проф. д-р Игор Кафтанџиев - претседавач на АО Траума- курсот

22.10.2024

Од 19 до 21 октомври, Скопје беше домаќин на АО Траума-курсот под наслов ,,Основни принципи на оперативното лекување на скршеници” каде што учество со свои предавања зедоа голем број доктори хирурзи од областа на трауматологијата и ортопедијата. Овој курс ги опфати фундаменталните принципи и актуелните концепти во третманот на повредите, инкорпорирајќи ги најновите техники во оперативното лекување на скршеници.  

Проф. д-р Игор Кафтанџиев, медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и претседател на македонскиот огранок на оваа интернационална организација, беше претседавач на АО Траума- курсот каде што заедно со повеќе реномирани трауматолози и ортопеди, предавачи од Европа, ги пренесоа своите знаења преку предавања и дискусии со учесниците, но и практична примена на оперативните техники со вежби на модели на коски така што овој курс претставуваше одлична можност за нивна доедукација и запознавање со најновите оперативни техники. На овој курс учествуваа 48 учесници од 15 земји од Европа. 

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.