Средношколците од СОМУ ,,Гостивар" беа во посета на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина". Целта беше учениците одблиску да се запознаат со условите и начинот на работа на Одделот за кардиохирургија, како и кардиохируршката интензивна нега. За време на посетата, имаа можност да се запознаат со секојдневната грижа за пациентите на стационарот и со протоколите на работа кои се применуваат во грижата за критично болните пациенти во единицата за кардиохируршка интензивна нега.
За време на посетата, специјално обучени медицински сестри за едукација и одделенската сестра на Одделот за кардиохирургија на идните медицински сестри детално им ја објаснија комплексноста на работата во негата на кардиохируршките пациенти и им укажаа колку се важни постоперативната грижа и условите за побрзо заздравување и враќање на секојдневните обврски.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.