Аџибадем Систина

Средношколците од СОМУ ,,Гостивар" во посета на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина"

15.10.2024

 Средношколците од СОМУ ,,Гостивар" беа во посета на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина". Целта беше учениците одблиску да се запознаат со условите и начинот на работа на Одделот за кардиохирургија, како и кардиохируршката интензивна нега.  За време на посетата,  имаа можност да се запознаат со секојдневната грижа за пациентите на стационарот и со протоколите на работа кои се применуваат во грижата за критично болните пациенти во единицата за кардиохируршка интензивна нега.

 За време на посетата, специјално обучени медицински сестри за едукација и одделенската  сестра на Одделот за кардиохирургија на идните медицински сестри детално им ја објаснија комплексноста на работата во негата на кардиохируршките пациенти и им укажаа колку се важни постоперативната грижа и условите за побрзо заздравување и враќање на секојдневните обврски.

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.