Доктор Пљакоска, предавач на 37. Меѓународен конгрес на тема сексуално преносливи инфекции

23.09.2024

Од 11 до 14 септември во Загреб, Хрватска се одржа 37. Меѓународен конгрес на тема сексуално преносливи инфекции. На овој конгрес учесник со свое предавање на тема „Третман на кондиломи со еCO2 ласер“ беше и доктор Весна Пљакоска, дерматолог во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина".
На овој конгрес учество зедоа меѓународно познати доктори од различни специјалности дерматолози, гинеколози, инфектолози, микробиолози, уролози, проктолози, епидемиолози кои имаа одлична можност да разменат научни идеи, знаење и искуства со експертиза за сексуално преносливи болести и генитална дерматологија.

Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.