Медицинскиот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше дел од 7. Национален конгрес на радиолози со меѓународно учество. Стручниот настан содржеше 17 научни сесии со домашни и странски предавачи, кои ги презентираа најновите сознанија во развојот на дијагностичката и интервентната радиологија и беа споделени искуства од секојдневната работа со пациентите од референтните медицински центри од земјава и во светски рамки.
Со поздравен говор, конгресот официјално го отвори доц. д-р Александар Ѓорески, радиолог од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој воедно е и претседател на Асоцијацијата на радиолози. Покрај него, со стручни излагања од „Аџибадем Систина“ учествуваа и: д-р Маја Стојчевска-Чапова, радиолог, доц. д-р Менка Лазареска, радиолог, д-р Јасна Бушиноска, анестезиолог, проф. д-р Зоран Трајковски, радиолог, д-р Јасминка Јошева, радиолог, д-р Митко Илиевски, радиолог, проф. д-р Игор Кафтанџиев, трауматолог и медицински директор на „Аџибадем Систина“, д-р Дева Петрова, онколог, д-р мед. науки Миленко Костов, неврохирург., д-р Изабела Божиновска, радиолог и д-р Дејан Танески, специјализант по радиологија. Како модератори на сесиите од нашиот медицински тим учествуваa: проф. д-р Андреја Арсовски, граден хирург и д-р Владимир Аврамовски, абдоминален хирург и проф. д-р Кирил Лозанче, неврохирург.
Учеството на голем број медицински претставници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во презентирање на нови научни сознанија е уште еден доказ за заложбата на болницата за воведување на нови современи методи во третманот на пациентите, како и во едукација и споделување на нови искуства.