Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започнува со организација на едукативни предавања за здрава бременост. Секоја среда, идните мајки ќе можат да добијат стручни совети и препораки за здрави животни навики за време на бременоста.
Препораки за здрава бременост и подготовка за породување
Едукативната програма опфаќа информации за начинот на исхрана, грижата за здравјето, задолжителните прегледи, што да очекувате во секој месец од бременоста, можните ризици и компликации, како и психофизичката подготвеност за чинот на породување. Дополнително, ќе можете да се запознаете со Одделот за неонатологија, родилните сали и условите за породување во „Аџибадем Систина“.
Регистрирајте се
Едукативните предавањата ги води специјалист гинеколог-акушер од „Аџибадем Систина“, секоја среда, со почеток во 19:00 часот. Истите се од отворен карактер и се наменети за сите заинтересирани бремени жени. За учество во едукативната програма регистрирајте се на 02/ 30 99 500.