Во организација на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, под мотото Живот, сила и самостојност се одржа стручен состанок на тема „Мускулни дистрофии“. На состанокот присуствуваа околу 100 доктори педијатри кои ги споделија своите искуства и знаења за вродените заболувања кои ја засегаат моторната функција на телото.
Пред почетокот присутните ги поздрави д-р Душко Фидановски, шеф на Одделот за детски болести, кој ги спомена сите предвидени активности и настани за месец септември (бесплатни прегледи, стручен симпозиум, заедничко дружење со дечињата). Прва свое излагање имаше д-р Наталија Ангелкова, педијатар-невролог, која ги презентираше најновите можности за дијагноза и следење, со посебен акцент на третманот на овие заболувања. Со своја презентација се претстави и д-р Светлана Крстевска-Блажевска, педијатар-кардиолог, која зборуваше за инволвираноста на срцето кај пациентите со мускулни дистрофии. Д-р Радица Муратовска-Делимитова, педијатар-неонатолог, на крајот на присутните доктори им објаснуваше за проценката и поддршката на респиратораната функција кај деца со мускулни дистрофии.
Состанокот беше акредитиран од страна на Лекарската комора на Република Северна Македонија и е дел од низата настани и активности кои Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го организира по повод одбележувањето на месецот на мускулни дистрофии.