За важноста од превентивните гинеколошки прегледи и самопрегледите на дојка, кои се ризиците и како жените да ги препознаат промените на своето тело – по повод месецот посветен на ракот на дојка, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одржа петтата работилница во компанијата „Халк осигурување“. Во октомври тим доктори од болницата посетуваа домашни компании и институции, а на вработените преку едукативни работилници им ја потенцираа важноста за зголемување на свесноста и грижата за сопственото здравје. Оваа активност е дел од кампањата за женското здравје „Возврати силно“.
Како општествено одговорна компанија, на ваков начин „Аџибадем Систина“ дава придонес за јакнење на јавната свест. Пред вработените од „ Халк осигурување“ беше потенцирана важноста што превенцијата ја има во излекување на ракот на дојка, односно фактот дека раното откривање во овие случаи може да значи и целосно излекување на потенцијалните пациенти.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.