Во амфитеатарот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беа доделни ваучерите за бесплатно породување на трудниците кои освоија најмногу лајкови во наградната игра „Избираме најтрудница“.
Поради големиот интерес и популарноста на наградната игра, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ одлучи место еден ваучер за бесплатно породување, како што беше предвидено на почетокот на наградната игра, да додели три ваучери на:
Ангела Ангеловска Усовска
Ирина Миткова
Магдалена Тодоров
Наградните ваучери за трите најлакувани трудници ги покриваат трошоците за спонтано или породување со царски рез. Ваучерите на наградените им ги доделија д-р. Митко Ивановски, д-р Слободан Дракулевски, и д-р Никола Панчевски, гинеколози од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Искрени честитки до најсреќните трудници, а на останатите кои немаа среќа во оваа наградна игра им благодариме за учеството и ги покануваме и во иднина да ја следат фан страна на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на Facebook со цел да бидат навремено информирани за сите актуелности поврзани со нашата работа.