14. БРОЈ НА МАГАЗИНОТ „АЏИБАДЕМ СИСТИНА ПЛУС“
Со задоволство ве информираме дека излезе новиот број на магазинот „Аџибадем Систина Плус“. 14. број го посветивме на машкото здравје. Многу медицински теми и совети, животни приказни на луѓето кои ни го доверија своето здравје, накратко создадовме магазин кој опфаќа содржини наменети за целото ваше семејство.
На 84 страници во летниот број ќе читате:
-Топ 5 здравствени прегледи за мажи
-Простата – „болна“ точка за секој маж
-Андреа Лекиќ: „Сакам да победувам и да се борам до крај“
-Со годините се менуваат и забите
-Водич за сигурна и безбедна бременост по 35. година
-Здрава кожа vs темен тен
-Кога вашето малечко има алергија од храна
-Моќта на морската вода
Своето искуство во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со вас го споделуваат и нашите пациенти.
Списанието бесплатно ќе се дистрибуира низ целата земја во прилог на дневните весници, но можете бесплатно да го добиете и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.