Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа стручен состанок на тема „Ботулински токсин во естетската дерматологија“, со организација на Здружението за дерматовенеролози со поддршка на Allergan Aesthetics, производител на препаратот Vistabel. Настанот обедини медицински професионалци од областа на дерматовенерологијата и естетската медицина, со цел размена на стручни знаења, искуства и современи пристапи во примената на ботулинскиот токсин.
Настанот започна со поздравни обраќања на проф. д-р Андреј Петров, претседател на Здружението за дерматовенерологија и специјалист по дерматовенерологија во „Аџибадем Систина“, и д-р Емилија Мирчевска, медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кои го истакнаа значењето на континуираната медицинска едукација и размената на искуства меѓу стручните лица.
Првото предавање на тема „Ботулински токсин во естетската дерматологија“ го одржа проф. д-р Ивана Биниќ, истакнат специјалист по дерматовенерологија од Србија, редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Ниш и претседател на Асоцијацијата на српска козметичка и естетска дерматологија (ASKED). Во своето излагање таа ги претстави современите сознанија и стручните искуства во примената на ботулинскиот токсин во естетската дерматологија.
Свое предавање одржа и проф. д-р Весна Бришкоска Бошковски, која говореше на тема „Ботулински токсин тип А - Vistabel во третман на брчки на лицето“, со осврт на неговата примена во современите естетски третмани.
Стручниот состанок беше акредитиран од Лекарската комора, со што дополнително се потврдува неговото значење за континуираниот професионален развој и медицинската едукација.
Со организирањето вакви стручни настани, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја потврдува својата посветеност на континуираната едукација, размената на меѓународни искуства и унапредувањето на стручните стандарди во современата медицинска практика.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.