СОВРЕМЕНИ ОНКОЛОШКИ ТРЕТМАНИ ВО ФОКУСОТ НА СТРУЧНИОТ СОСТАНОК ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

СОВРЕМЕНИ ОНКОЛОШКИ ТРЕТМАНИ ВО ФОКУСОТ НА СТРУЧНИОТ СОСТАНОК ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

19.10.2026

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се одржа стручен состанок посветен на современите пристапи во онколошкото лекување, на кој учествуваа еминентни специјалисти од болницата „Аџибадем“ во Маслак, проф. д-р Енис Озијар, специјалист по радијациска онкологија и проф. д-р Озлем Ер, специјалист по медицинска онкологија, заедно со онколошкиот тим на „Аџибадем Систина“ – проф. д-р Дева Петрова, д-р Славица Кралева и д-р Даниела Попоска. Присутна беше и д-р Емилија Мирчевска, медицинскиот директор на болницата, како и доктори од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје. 
 
Централна тема на состанокот беше: „Интегрирање на нови системски третмани со радиотерапија кај онколошки пациенти“, која овозможи стручна дискусија за новите терапевтски можности, современите протоколи на лекување и значењето на координираниот пристап во третманот на онколошките пациенти.
 
Посебен акцент беше ставен на размената на знаења, искуства и клинички практики, како и на улогата на мултидисциплинарната соработка во планирањето и спроведувањето на индивидуализиран третман. Интегрирањето на различните терапевтски пристапи овозможува разгледување на најсоодветните опции за секој пациент, во согласност со видот и стадиумот на болеста, како и со неговата општа здравствена состојба.
 
Ваквите стручни средби се значаен дел од континуираното унапредување на медицинската практика, следењето на современите достигнувања во онкологијата и споделувањето знаења што придонесуваат за развој на персонализирани пристапи во лекувањето.

Со организирањето и учеството на вакви стручни настани, „Аџибадем Систина“ ја потврдува својата посветеност на континуираната медицинска едукација, професионалната соработка и примената на современи пристапи во грижата за онколошките пациенти. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.