ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СЕ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ ЗА БЕЗБОЛНО ПОРОДУВАЊЕ И ВИДОВИ АНЕСТЕЗИЈА

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СЕ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ ЗА БЕЗБОЛНО ПОРОДУВАЊЕ И ВИДОВИ АНЕСТЕЗИЈА

15.10.2026

 Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вчера се одржа уште едно едукативно предавање од циклусот бесплатни предавања за идни родители, овојпат на тема „Безболно породување и видови анестезија“. Предавањето го одржа д-р Весна Поп-Стефанија-Чорбева, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување, која ги запозна присутните со современите методи за намалување и контрола на болката за време на породувањето.

Породувањето е еден од најважните и најемотивните моменти во животот на секоја жена, но стравот од болката често предизвикува неизвесност и вознемиреност кај идните мајки. Во рамките на предавањето, д-р Поп-Стефанија-Чорбева ги објасни можностите што ги нуди современата анестезиологија, со посебен осврт на епидуралната и спиналната анестезија, нивната примена, предностите и изборот на најсоодветниот метод за обезболување.

Присутните имаа можност да поставуваат прашања, да ги споделат своите дилеми и да добијат стручни совети за подготовка за породувањето. Беше истакнато дека изборот на методот за обезболување е индивидуален и се прави во согласност со желбите, здравствената состојба и потребите на родилката, во соработка со акушерскиот и анестезиолошкиот тим.

Со организирањето на овие бесплатни едукативни предавања, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ продолжува да им обезбедува стручна поддршка и проверени информации на идните родители, со цел да се чувствуваат посигурни, поинформирани и поподготвени за доаѓањето на новиот член во семејството.
 
 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.