ПРОФ. Д-Р КОРНЕЛИЈА ТРАЈКОВА СО СТРУЧНО ПРЕДАВАЊЕ НА КОЛПОСКОПСКИОТ КУРС „СОВРЕМЕНА КОЛПОСКОПИЈА – ОД ОСНОВИ ДО ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН“

ПРОФ. Д-Р КОРНЕЛИЈА ТРАЈКОВА СО СТРУЧНО ПРЕДАВАЊЕ НА КОЛПОСКОПСКИОТ КУРС „СОВРЕМЕНА КОЛПОСКОПИЈА – ОД ОСНОВИ ДО ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН“

06.10.2026

На 3 октомври 2026 година, во хотел „Холидеј ин“ во Скопје, се одржа колпоскопскиот курс „Современа колпоскопија – од основи до дијагноза и третман“, посветен современиот пристап во колпоскопската дијагностика и третман.

Во рамките на стручната програма учествуваше и проф. д-р Корнелија Трајкова, специјалист по гинекологија и акушерство од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која одржа предавање на тема „Интеракции помеѓу ХПВ и микробиомот во цервикалната карциногенеза: од перзистенција на вирусот до ЦИН и инвазивен карцином на грлото на матката“.

Во своето излагање, проф. д-р Трајкова се осврна на комплексната поврзаност меѓу ХПВ-инфекцијата, микробиомот и развојот на преканцерозни и малигни промени на грлото на матката, со посебен фокус на механизмите кои можат да влијаат врз перзистенцијата на вирусот и прогресијата кон ЦИН и инвазивен карцином.

Курсот претставуваше значајна можност за стручно усовршување, размена на искуства и продлабочување на знаењата од областа на современата колпоскопија и превенцијата, дијагностиката и третманот на промените на грлото на матката.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.