Д-Р БЕТИ КОСТАДИНОВСКА ЈОРДАНОСКА - ПОКАНЕТ ПРЕДАВАЧ НА 53-ТИТЕ ОКТОМВРИСКИ СРЕДБИ НА ЛАБОРАНТИ И САНИТАРНИ ТЕХНИЧАРИ

Д-Р БЕТИ КОСТАДИНОВСКА ЈОРДАНОСКА - ПОКАНЕТ ПРЕДАВАЧ НА 53-ТИТЕ ОКТОМВРИСКИ СРЕДБИ НА ЛАБОРАНТИ И САНИТАРНИ ТЕХНИЧАРИ

06.10.2026

Прим. д-р Бети Костадиновска Јорданоска, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување од Одделот за кардиохирургија, учествуваше како поканет предавач на 53-тите Октомвриски средби на лаборанти и санитарни техничари. Стручниот настан се одржа од 1 до 4 октомври во хотел „Бисер“ во Струга, во организација на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија.
 
Во рамки на стручната програма, д-р Костадиновска Јорданоска одржа предавање на тема „Инфективен ендокардитис - од хемокултура до молекуларна дијагностика: улогата на современата лабораторија во раното препознавање и лекување“. Во своето излагање таа се осврна на значењето на современите лабораториски методи во навременото дијагностицирање и изборот на соодветен третман кај пациентите со инфективен ендокардитис.

Октомвриските средби традиционално претставуваат значаен стручен настан и платформа за размена на знаења, искуства и идеи меѓу медицинските професионалци. Годинешната програма беше исполнета со актуелни стручни предавања, презентации и дискусии, насочени кон унапредување на современата лабораториска практика и мултидисциплинарната соработка. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.