Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја доби наградата за најпосакуван работодавец во категоријата приватни болници, која ја додели Vrabotuvanje.com.mk . Оваа интернет-страница за пребарување на работни места ја организира манифестацијата за најпосакувани работодавци, одбележувајќи со тоа 20 години од основањето, а награди добија компании што биле најпривлечни за вработување во текот на минатата година во повеќе категории.
Изборот за наградата е направен врз база на интересот на потенцијалните вработени за отворените работни позиции на овие компании, како и анкетите спроведени на сајтот на Вработување.ком за испитување на јавното мислење.
Оваа награда „Аџибадем Систина“ ја добива во година во која слави 13 години постоење. Толку време зад овој бренд стојат големи достигнувања и успеси, пионерски интервенции, успешни стории, врвен медицински тим и најсовремена опрема во земјава и регионот. Довербата ја поттикнуваат над 150 000 хируршки интервенции, 1 400 000 прегледи, повеќе од милион задоволни пациенти од земјава и регионот.
Во болницата работи тим од над 200 лекари специјалисти и повеќе од 400 медицински сестри, а нивната експертиза надополнета со најсовремена медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент.
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.