ПРВА СРЕДБА СО ИДНИТЕ РОДИТЕЛИ ВО НОВИОТ ЦИКЛУС ПРЕДАВАЊА

ПРВА СРЕДБА СО ИДНИТЕ РОДИТЕЛИ ВО НОВИОТ ЦИКЛУС ПРЕДАВАЊА

17.09.2026

Со предавањето на д-р Јосиф Ѓорески, специјалист по гинекологија и акушерство и д-р биол.науки Маринела Василевска, генетичар, вчера започна новиот циклус предавања наменет за идните родители во „Аџибадем Систина“.
 
Првото предавање беше посветено на темата „Пренатални генетски тестови и ултразвучен скрининг во бременост“, со фокус на значењето на навремените и соодветни прегледи и тестирања во текот на бременоста.
 
На предавањето присуствуваа идни мајки кои имаа можност да дознаат повеќе за важните аспекти од следењето на бременоста и да добијат одговори на бројните прашања поврзани со овој период. По предавањето се разви отворена и интересна дискусија, во која трудниците активно учествуваа и разговараа со предавачите за различни теми поврзани со пренаталната дијагностика и грижата во бременоста.
 
Со нови информации, корисни совети и позитивни впечатоци, присутните го завршија првото дружење од овој циклус, а како мал знак на внимание добија и подарок од Acibadem Sistina BABY.
 
Предавањата продолжуваат и следната среда, 23 септември, со темата „Совети за здрава исхрана и вежбање во бременоста“, која ќе ја водат нутриционист и физијатар.

Циклусот предавања има за цел на идните родители да им овозможи корисни и практични информации за полесно и посигурно поминување низ периодот на бременоста, како и можност за директна комуникација со стручни лица од различни области. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.