Аџибадем Систина

ВРВНИ ЕКСПЕРТИ И ИНОВАТИВНИ ПРЕДАВАЊА НА СТРУЧНИОТ СОСТАНОК ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЗА СОВРЕМЕН ТРЕТМАН НА ВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА И МЕНАЏМЕНТ НА РАНИ

18.06.2026

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно се одржа стручниот состанок на тема „Современ третман на заболувања на крвните садови и менаџмент на рани“, кој предизвика голем интерес и привлече бројни здравствени професионалци од земјата и регионот. На почетокот на настанот присутните ги поздрави медицинската директорка, д-р Емилија Мирчевска, која ја истакна важноста на континуираната медицинска едукација, како и на размената на знаења и искуства меѓу стручната јавност. Во рамките на состанокот беа одржани иновативни предавања од еминентни експерти:

Стручниот состанок беше акредитиран од Лекарската комора и носеше соодветен број бодови за континуирана медицинска едукација. Настанот уште еднаш ја потврди посветеноста на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ на унапредување на медицинската практика, едукацијата и следењето на најновите светски трендови во здравствената заштита.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.