Д-р Ивана Јованова Христова, специјалист по кардиологија, успешно го положи меѓународниот испит за сертификација по срцева слабост и се стекна со сертификат од Heart Failure Association (HFA), асоцијација во рамките на Европското здружение за кардиологија (ESC). Оваа престижна сертификација потврдува напредни и специјализирани знаења во областа на проценката, третманот и менаџментот на пациентите со срцева слабост, согласно со највисоките европски стандарди. Подготовката за сертификацијата опфаќа континуирана медицинска едукација преку програмите на ESC и HFA, детално познавање на европските водичи за срцева слабост, учество на предавања, конгреси и научни студии, како и успешно полагање на испит составен од 100 прашања.
Ова признание e особено значајно достигнување во областа на кардиологијата и потврда за високото ниво на стручност и посветеност во третманот на пациентите со срцева слабост.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.