Роботската хирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ наскоро ќе се применува и во областа на торакалната хирургија. Во TOUMAI® Центарот за обука по роботска хирургија, развиен во соработка со MicroPort во рамките на Универзитетот „Аџибадем“ во Истанбул, Турција, на специјализирана обука се д-р Драган Смилевски, специјалист по торакална хирургија, и медицинската сестра Лидија Стојановска, која е дел од тимот за роботска хирургија во „Аџибадем Систина“.
Со помош на роботската технологија се изведуваат анатомски и екстраанатомски ресекции на белите дробови, хируршки зафати во медијастинумот, како што се тимектомии, отстранување тумори во медијастинумот, како и хируршки интервенции на хранопроводот.
Роботски асистираната хирургија овозможува поголема хируршка прецизност, помали резови, намалена постоперативна болка, пократок период на закрепнување и побрзо враќање кон секојдневните активности во споредба со традиционалната отворена торакална хирургија.
.png)
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.