Студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип успешно ја завршија двомесечната стручна пракса во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, стекнувајќи драгоцено практично искуство и нови професионални знаења.
Праксата се одвиваше на Одделот за гинекологија и акушерство и на Одделот за педијатрија, каде што студентите имаа можност директно да се вклучат во секојдневната работа, да следат современи медицински процедури и да учат од искусни специјалисти и медицински тимови.
Во текот на практичната обука студентите се запознаа со различни клинички случаи, дијагностички и терапевтски пристапи, а особено го истакнаа задоволството од професионалната атмосфера, условите за работа и поддршката што ја добиле од менторите.
На денот на завршувањето на стручната пракса, проф. д-р Андреј Петров им упати мотивирачки зборови на студентите, посакувајќи им успех во понатамошното образование и професионален развој. Тој сподели корисни совети и искуства, охрабрувајќи ги со посветеност, континуирано учење и љубов кон професијата да продолжат сигурно да чекорат кон остварување на своите цели и соништа.
Со ваквиот пристап, „Аџибадем Систина“ продолжува активно да придонесува во едукацијата и професионалниот развој на идните здравствени работници, овозможувајќи им пристап до современа медицинска технологија, најнови методи на лекување и практична работа во високо специјализирана здравствена установа.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.