Аџибадем Систина

ДЕЛ ОД УРОЛОШКИОТ ТИМ УСПЕШНО ЈА ЗАВРШИ ТРЕНИНГ-ПРОГРАМАТА ЗА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА

15.05.2026

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ заедно со својот хируршки тим интензивно се подготвува да ја започне новата ера во хирургијата. Дел од уролошкиот тим, меѓу кој проф. д-р Сотир Ставридис и д-р Владимир Лозановски успешно ја завршија обуката за роботска асистирана хирургија во TOUMAI®️ Центарот за обука по роботска хирургија, развиен во соработка со MicroPort во рамки на Универзитетот Аџибадем, Истанбул, Турција. За време на престојот, обука во сестринскиот дел заврши и Кристина Ристовска, медицинска сестра од Одделот за урологија во „Аџибадем Систина“.

Роботски асистираната хирургија претставува револуционерен напредок во современата урологија, особено кога станува збор за комплексни и онколошки интервенции во малата карлица и ретроперитонеалниот простор. Благодарение на тродимензионалната HD-визуелизација, зголемената прецизност и флексибилноста на инструментите што ги надминуваат можностите на човечката рака, роботската технологија овозможува исклучително прецизна дисекција и зачувување на виталните структури. Со помош на хируршкиот робот во „Аџибадем Систина“ ќе се изведуваат интервенции како радикална простатектомија, радикална и парцијална нефректомија, уретеропиелопластика, пиелолитотомија, радикална цистектомија и уретероцистонеостомија. Овие процедури опфаќаат третман на малигни заболувања на простата, бубрег и мочен меур, како и реконструктивни операции на горниот и долниот уринарен тракт. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.