Аџибадем Систина

Д-Р КАМЕЛИЈА СИМЕОНОВА, ДЕЛ ОД СОБРАНИСКА ДЕБАТА ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА МЛАДИТЕ

30.04.2026

Како дел од значајната јавна расправа која вчера се одржа во Собранието на тема ,,Влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на младите”, свој придонес даде и д-р Камелија Симеонова од ,,Аџибадем Систина”. Таа активно учествуваше во дебатата, потенцирајќи ги психо-емоционалните предизвици кај децата и адолесцентите во дигиталната ера.

Станува збор за исклучително важен настан, кој обедини релевантни чинители, со цел отворање на суштинска општествена дискусија. Во своето обраќање таа ја нагласи важноста од рана превенција и координиран пристап помеѓу институциите, родителите и образовниот систем.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.