Клиничката болница „Аџибадем Систина“ продолжува со традицијата на организирање бесплатни предавања за идни родители - едукативен циклус наменет за сите трудници и нивните партнери кои сакаат да се подготват за родителството со сигурност, знаење и поддршка од врвни медицински експерти.
Предавањата се одржуваат секоја среда во 18 часот, во просториите на болницата, и опфаќаат широк спектар теми поврзани со бременоста, породувањето и грижата за новороденчето.
Програмата за периодот мај - јули 2026 година вклучува 12 различни предавања, кои започнуваат на 6 мај, а се водени од специјалисти од различни области - гинеколози-акушери, педијатри, генетичари, нутриционисти, физијатри, дерматолози и други.
Темите се внимателно избрани за да ги опфатат сите аспекти на бременоста и родителството - од анксиозност и генетски тестирања, преку исхрана и физичка активност, до породување, доење и нега на новороденче.
Секое предавање нуди практични совети, можност за поставување прашања и размена на искуства во пријатна и поддржувачка атмосфера.
Почнувајќи од март 2015 година до денес, предавањата за идни родители се едни од најпосетуваните настани. Идејата е на идните родители да им се понуди бесплатна едукација, можност за совет и препорака, како и споделување искуства меѓу трудниците.
Овие предавања претставуваат одлична можност идните родители да се информираат, да се чувствуваат посигурно и да изградат доверба во процесот што ги очекува. Посебна вредност има вклучувањето на партнерите, што придонесува за подобра поддршка и разбирање во текот на бременоста и по раѓањето на бебето.
Учеството е бесплатно, а заинтересираните можат да се пријават на телефонскиот број 02/3099 500.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.