Проф. д-р Игор Кафтанџиев беше дел од 7. Конгрес на Хрватската трауматолошка асоцијација со интернационално учество, кој се одржа на 17 и 18 април 2026 година во Опатија. Настанот собра повеќе од 260 учесници – врвни експерти од областа на трауматологијата, ортопедијата и сродните медицински дисциплини, кои имаа можност да разменат искуства, да дискутираат за најновите достигнувања во дијагностиката и третманот на трауматските повреди, како и да се запознаат со современи хируршки техники и иновативни пристапи во лекувањето.
На конгресот, проф. д-р Кафтанџиев настапи како поканет предавач со две стручни предавања под наслов: „Менаџмент на скршеници на проксималниот крај на бутната коска кај геријатриската популација“ и „Менаџмент на перипростетични скршеници на бутната коска по апликација на тотална протеза на колкот“.
Дополнително, проф. д-р Кафтанџиев беше и модератор на сесијата за ортогеријатриска хирургија, каде што се обработуваа предизвиците во третманот на повозрасните пациенти, со посебен акцент на подобрување на исходите и квалитетот на живот.
Неговото учество на овој престижен конгрес е уште една потврда за неговата стручност и меѓународна афирмација. Инаку, проф. д-р Кафтанџиев е и почесен член на Хрватската трауматолошка асоцијација, признание што ги одразува неговата долгогодишна посветеност и придонес во развојот на трауматологијата.
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.