ОЛИВЕРА СПАСОВСКА, ПОКАНЕТ ПРЕДАВАЧ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО НОВИ САД

ОЛИВЕРА СПАСОВСКА, ПОКАНЕТ ПРЕДАВАЧ НА ФАРМАЦЕВТСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО НОВИ САД

20.04.2026

Оливера Спасовска, специјалист по клиничка фармација, беше поканет предавач на Фармацевтскиот факултет во Нови Сад, каде што одржа стручно предавање пред студентите.
 
Темата „Улогата на болничкиот фармацевт во безбедна и прецизна подготовка за хемотерапија“ предизвика голем интерес и отвори значајни дискусии за улогата на фармацевтот во современиот онколошки третман. Предавањето се реализираше во рамките на предметот Онколошка фармација.

Онколошката фармација претставува клучна гранка на фармацијата, која се фокусира на подготовка, дозирање и правилна примена на лекови за третман на рак, како и следење на ефектите од терапијата и управување со несакани реакции, со цел обезбедување максимална безбедност и ефикасност за пациентите. 

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.