Во организација на Европското здружение за хируршка онкологија, во Софија, Бугарија, се одржа едукативниот курс „Basics of Oncology for Surgeons“, на кој како предавач од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ учествуваше д-р Даниела Попоска, специјалист по онкологија и радиотерапија.
Во рамките на програмата, д-р Попоска одржа две предавања. Во утринската сесија таа говореше на темата „Молекуларна онкологија: карциногенеза и прогресија на карциномот“, додека во попладневната сесија нејзиното излагање беше посветено на темата „Улогата на генетиката во донесувањето одлуки за хируршки интервенции“.
Курсот обедини еминентни експерти од повеќе европски центри и беше насочен кон унапредување на мултидисциплинарниот пристап во третманот на онколошките пациенти, со акцент на современите научни и клинички практики.
Учеството на д-р Попоска на овој значаен меѓународен настан претставува силна потврда за стручноста и активната вклученост на тимот на „Аџибадем Систина“ во современите онколошки текови, како и значаен придонес кон развојот на интердисциплинарната медицинска едукација.