Аџибадем Систина

ВТОРАТА ПСИХО-ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА НАСТАВНИЦИ И СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ ОД ОПШТИНА КАРПОШ

27.02.2026

Во просториите на Општина Карпош се одржа втората работилница како дел од психо-едукативен циклус работилници за наставниот кадар од општинските основни училишта во Општина Карпош, се во насока на унапредување на образовниот процес и создавање инклузивна и психолошки стабилна училишна средина.
 
На оваа работилница пред големиот број присутни наставници и стручни соработници од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, свои предавања одржаа м-р д-р Верица Малинкова Димовска, специјалист по психијатрија и м-р Бољетин Зенуни, дефектолог.
 
М-р д-р Верица Малинкова Димовска во своето излагање се осврна на улогата на наставникот од психијатриско-психотерапевтски аспект, на менталното здравје кај новите генерации, на психолошкиот товар во наставничката професија, како и на раното препознавање на знаците на преоптоварување. Во текот на работилницата беа реализирани и кратки практични вежби.
 
М-р Бољетин Зенуни, специјален едукатор и рехабилитатор, се осврна на менталното здравје и на специфичните потешкотии при учењето, нивното препознавање и надминување, како и на улогата на наставниците и родителите во тој процес преку интерактивни методи и практични примери за развивање стратегии за справување со предизвиците.
 
Последната третата психо-едукативна работилница ќе се одржи следната среда и исто така ќе биде посветена на конкретните стратегии за имплементација на стекнатото знаење во секојдневната наставна практика. Како дел од едукативниот процес, учесниците добија и примерок од прирачникот на д-р Камелија Симеонова, кој нуди насоки и алатки за успешно справување со предизвиците во работата со тинејџерите.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.