Аџибадем Систина

ДОКТОРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СИМПОЗИУМ „GUIDELINES IN PRACTICE“

23.01.2026

Доктори од Одделите за кардиологија и кардиохирургија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ земаа активно учество на меѓународниот симпозиум „Guidelines in Practice“, кој беше фокусиран на практичниот и мултидисциплинарниот пристап во современото лекување на кардиоваскуларните заболувања. 
Во рамки на симпозиумот беа обработени актуелни теми од областа на:
• исхемичната коронарна болест,
• валвуларните срцеви заболувања,
• иновациите во кардиологијата, кардиохирургијата, торакалната хирургија и интервентивните процедури.
 
Кардиологот д-р Димитар Душкоски одржа стручно предавање на тема ,, Исхемична кардиомиопатија и структурен срцев дефект – приказ на случај”, додека д-р мед. науки Жарко Христовски беше модератор на сесијата посветена на тешки валвуларни случаи, каде што се дискутираа комплексни клинички сценарија и пристапи во третманот.
 
Континуираната медицинска едукација претставува клучен елемент за постигнување врвни резултати во кардиоваскуларната медицина. Преку вакви едукативни настани, учесниците добиваат пристап до најновите практики базирани на докази, споделени од водечки европски експерти, што директно придонесува за унапредување на дијагностиката и донесувањето прецизни и ефикасни терапевтски одлуки во секојдневната клиничка пракса.

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.