Кашлица, температура, течење на нос, болки во грлото или замор – симптоми кои често изгледаат слично, но можат да бидат предизвикани од различни вируси. Наместо да погодувате, дознајте точно кој е причинителот и добијте сигурна основа за правилен и навремен третман.
Молекуларен PCR – панел за акутни вирусни респираторни инфекции е современ и високо прецизен дијагностички тест кој овозможува истовремена детекција на 16 различни вирусни причинители на респираторни инфекции. Со користење на најнапредна PCR технологија, тестот обезбедува сигурни резултати дури и во рана фаза на инфекцијата. Брзи резултати за само 24 часа значат помалку неизвесност и побрза одлука за соодветна терапија, без непотребна употреба на антибиотици.
- Прецизна дијагноза
- Подобро насочен третман
- Поголема сигурност за пациентот и докторот
Овој PCR панел е идеално решение за сите кои сакаат јасен одговор, медицинска сигурност и навремена грижа за своето здравје – особено во сезоната на настинки и грип.