Поддржи го правилниот развој на твоето бебе – преку игра, движење и забава! Вежбите кај бебињата ја засилуваат мускулатурата, ја тренираат координацијата, ги подобруваат моторните вештини, ја зголемуваат свесноста за телото, го развиваат мозочето, ја зголемуваат свесноста низ просторот, се тренира решавањето на проблеми и се стимулира сензорната интеграција.
Вежбите во група се добри за социјална интеракција, поврзување, самодоверба но и создавање рутина и емоционална регулација. Воедно, ова е одлична можност за размена на искуства меѓу мајки, решавање на дилеми околу развојот на бебето, како и забавни игри и вежби за раздвижување и стимулација.
Нашите специјализирани часови се дизајнирани да го стимулираат растот, развојот и сензорната интеграција на најмалите – сето тоа во топла, безбедна и пријатна атмосфера. Новата група започнува на 5 февруари, бројот на места е ограничен. Пријавување на 070/888-933
Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.