Аџибадем Систина

Активни промоции

НОВИ ПЕДИЈАТРИСКИ ЛАБОРАТОРИСКИ ПАКЕТИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

09.01.2026

Во насока на континуирано унапредување на здравствената заштита кај децата, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ создаде нови специјализирани лабораториски пакети кои се внимателно дизајнирани според најновите медицински стандарди и педијатриски потреби, со цел да обезбедат сеопфатен пристап во превенцијата, раната дијагностика и следењето на здравствените состојби кај најмладите.

„Тимот на Дијагностички лаборатории, заедно со докторите на педијатриските оддели, многу внимателно и темелно ги дискутиравме сите детали и состојби кај децата, за чии следења и ги креиравме новите лабораториски пакети, првенствено понудувајќи лабораториски современа методологија со највисока сензитивност и специфичност, која заедно со експертизата на педијатрите овозможува и поддржува персонализиран пристап во згрижувањето на секое дете и сите негови состојби”, истакнува Среќко Рајовски, доктор по биолошки науки.

Лабораториските пакети претставуваат значаен чекор во персонализираната медицина во педијатријата. Тие не само што ја олеснуваат работата на лекарите, туку и ја подобруваат комуникацијата со родителите, кои добиваат јасна, структурирана и професионална поддршка во текот на целиот процес на дијагностика.

„Овие пакети ги создадовме со цел да овозможиме квалитетна здравствена грижа за најмалите пациенти. Тие се алатка која ни овозможува на нас докторите брза проценка и точна дијагноза, а со тоа и  пократок пат до соодветна терапија и закрепнување на децата“, заклучува проф. д-р Анета Демерџиева, специјалист по педијатрија.

За повеќе информации за пакетите и закажување на термин јавете се на Контакт-центарот на 02/3099500.   

Copyright © 2026 Developed by Unet All rights reserved.