Неврохируршки микроскоп "Kinevo" и невронавигација
Неврохируршки операциите се изведуваат со помош на најсовремен неврохируршки микроскоп " Kinevo " кој дава максимална прецизност и детална слика на оперативното поле.
Неврохируршки операциите се изведуваат со помош на најсовремен неврохируршки микроскоп " Kinevo " кој дава максимална прецизност и детална слика на оперативното поле. Ваков тип микроскоп е специфичен само за високо профилирани неврохируршки установи, кој континуирано може да се надградува, што го прави единствен и најдобар во земјава и регионот.
Секоја хируршка интервенција, особено неврохируршката, е ризична интервенција бидејќи може да настанат ненамерни оштетувања на нервните структури. Микроскопот " Kinevo " овозможува добро осветлување и поголемо зголемување на видното поле, со што се овозможува подобра заштита на нервниот корен.
Првпат во земјава се употребува и флуорсцинско боење. Тоа е метода при која со давање посебен тип контраст предоперативно се добива туморско пребојување видливо само со овој тип микроскоп, што, пак, овозможува целосно отстранување на туморското ткиво и воедно препознавање на маргините на здравото мозочно ткиво.
Сите интервенции – и на 'рбетот и на мозокот - се водени со невромониторинг, процедура што нуди безбедност на пациентот без можност за компликација и повреда на нервно ткиво.
Copyright © 2024 Developed by Unet All rights reserved.