Кардиолошкиот тим на „Аџибадем Систина“ се состои од еминентни интервентни кардиолози, неинванзивни кардиолози и електрофизиолози со што се овозможува целокупен третман на сите болести на срцето. Интервентните процедури се изведуваат со материјали и стентови со врвен квалитет од најпознатите производители во светот. Во „Аџибадем Систина“ секој пациент добива индивидуален третман кој вклучува и стручни препораки за намалување на ризик-факторите, како ефикасен начин за превенција на кардиоваскуларните заболувања.
На 24-часовно располагање е тим на високостручен кадар за прием и третман на хронична и акутна патологија. Процедурите се изведуваат со материјали и стентови со врвен квалитет од најпознатите производители во светот.
Нашиот тим со долгогодишно искуство ви нуди дијагностика и најсовремен третман на нарушувања на срцевиот ритам. Eдинствено кај нас имате можност за изведување на: електрофизиолошки испитувања, аблација кај срцеви аритмии, вградување пејсмејкери, срцева ресинхронизација, вградување имплантибилни кардиовертери и дефибрилатори и најсовремени апарати, од водечките производители во светот. Тимскиот пристап во дијагностиката и терапијата кај секој пациент гарантира ефикасност и врвен квалитет.
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Специјалист по кардиологија
Доктор по општа медицина, Специјализант по кардиологија
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.