Во Единицата за интензивна нега работи тим на високообучени специјалисти по анестезија и реанимација. Организациската поставеност, контролата на инфекции и целокупниот систем на мониторинг и следење на овие пациенти се организирани на ниво да ја обезбедат најдобрата нега на критично болните пациенти. Единицата располага со 9 посебни боксови и специјална соба за изолација во кои се спроведува високоспецијализиран и софистициран мониторинг и лекување. Во рамките на Одделот за интензивна нега отворена е и специјална соба со систем за негативен притисок. Оваа соба е наменета за изолација на специфични пациенти кои се инфективни и претставуваат опасност од ширење инфекции. Располага со најсовремени апарати за следење на виталните функции и за механичка кислородна поддршка.
ВИСОКОПРОФЕСИОНАЛЕН ТРЕТМАН
Според официјалните статистики, системот на организација во посебни боксови за секој пациент овозможува намалување на ризикот од појава на интерхоспитални инфекции, кои претставуваат најголема закана по здравјето во услови кога општата здравствена состојба на пациентите е критична. Во рамките на Одделот за интензивна нега отворена е и специјална соба со систем за негативен притисок. Оваа соба е наменета за изолација на специфични пациенти кои се инфективни и претставуваат опасност од ширење инфекции. Располага со најсовремени апарати за следење на виталните функции и за механичка кислородна поддршка.
Во Единицата за интензивна нега се лекуваат критично болни пациенти (оперирани и неоперирани) кои имаат тешко нарушени витални функции и имаат потреба од специјален третман. Овие пациенти се под постојан надзор од страна на анестезиолошкиот тим. Оваа високоспецијализирана единица овозможува :
Специјалист по анестезиологија и интензивно лекување
Специјалист по анестезиологија со интензивно лекување
Специјалист по анестезиологија со реаниматологија
Специјалист по анестезиологија со интензивно лекување
Специјалист по анестезиологија со интензивно лекување
Специјалист по анестезиологија со интензивно лекување
Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.