Ортопедија и трауматологија

Ортопедија и трауматологија

Основната карактеристика која го прави Одделeнието за трауматологија и ортопедија во „Аџибадем Систина“ единствен и прв оддел од ваков тип е мултидисциплинарниот пристап на ортопедски хирурзи и хирурзи-трауматолози како еден тим.  Тимот овозможува дијагноза и третман од областа на ортопедијата, почнувајќи од најмалата возраст и новороденчињата, па сè до повреди и скршеници вклучувајќи и геријатриска траума (повреди карактеристични за повозрасната популација).

Во нашата болница функционира и Спиналниот центар кој овозможува комплетен хируршки и конзервативен третман на сите состојби, болести и повреди на `рбетот. Нашиот тим доктори е специјализиран во лекување и на најсложените проблеми со `рбетот, од траума, дегенеративни промени до онколошки состојби како тумори и метастази. Лидери сме во воведување нови и ефикасни методи за третман. Секој пациент добива комплетен индивидуален план на лекување со мултидисциплинарен пристап. Нашиот тим е составен од специјалисти признати во областа на трауматологија, неврорадиологија, неврохирургија, неврофизиологија, ортопедија, анестезија, онкологија, радиотерапија и физијатрија.

Спиналниот центар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е најдобар во регионот во третманот на вродените, хроничните и акутните нарушувања на ’рбетот. Во однос на решавањето на најкомплексните спинални проблеми, од типот на дискус хернија, сколиоза, дегенеративни заболувања, спинална стеноза, фрактури, тимот доктори ги користи последните медицински техники. Покрај дијагнозата, наша посебна одлика е врвната и најсовремена опрема за третман.

Кога станува збор за хирургијата, Спиналниот центар ја поседува последната технологија за изведување на минимално инванзивна хирургија која дава најефикасни и безбедни резултати. Хируршките интервенции на ’рбетот се изведуваат со дигитализирана апаратура во комплетно опремени сали за хирургија.

Сите овие елементи прават една целина која на пациентите им обезбедува комплетна грижа. Без разлика на состојбата во која се наоѓате или третманот кој ви е потребен, Спиналниот центар ви обезбедува услуга која на крајот сигурно ќе ги покаже најдобрите резултати.


Трауматологија

Третман на фрактури на сите коски почнувајќи од најмалата возраст па сè до пациентите во поодминати години, вклучувајќи ја и геријатриската траума. Во нашата болница се третираат политрауматизираните пациенти кај кои се применуваат сите светски стандарди (life saving surgery, damage control). Тука мора да ги споменеме и оперативните интервенции кај пациенти со повреди на ’рбетот, карлицата и ацетабулумот.


Реконструкција на екстремитети

Корективни остеотомии во предел на горните и долните екстремитети. Оперативни интервенции кај лошо зараснати или незараснати фрактури.


Хирургија на дланка

Нашиот хируршки тим има успешни резултати во третманот на целата патологија во пределот на дланката. Тука спаѓаат повредите и други состојби како на коскените така и на мекоткивните елементи.


Спортска трауматологија

Бројот на рекреативци и професионални спортисти постојано се зголемува, а со тоа се зголемува и потребата од третман на спортски повреди. Третманот на овие пациенти е наша цел и наш посебен интерес. Мора да се истакне дека лекувањето на професионалните спортисти, особено нивните повреди, бара посебно внимание и лекување поради карактерот на овој тип професионалци. Тоа се, сепак, луѓе кои мора во најкраток временски рок да се вратат на спортските терени. Спортистите во нашата клиника добиваат најсовремен третман, од врвни специјалисти кои работат со најсовремени хируршки и артроскопски техники. Тука спаѓаат артроскопски процедури на колено, рамен и скочен зглоб, како и сите артроскопски процедури кои се спроведуваат во светот, за реконструкција на повредените мекоткивни елементи.


PRP револуционерна метода за третман на зглобови

PRP (Platelets Rich Plasma) мето да претставува револуционерен третман на зглобовите со сопствена крвна плазма збогатена со тромбоцити. Со помош на оваа метода за кратко време се регенерира оштетеното ткиво во зглобот. Третманот е безболен и ефикасен и речиси нема несакани реакции бидејќи се користи сопствената крв на пациентот.


Ендопротетика

Ендопротетиката – оперативни интервенции за замена на зглобовите на колкот, коленото и другите зглобови со употреба на најмодерни протези. Овие интервенции имаат значајно место во ортопедијатата и трауматологијата поради унапредувањето на нивото на третман, ставајќи посебен акцент на превентивата, како и сè повисоките очекувања на пациентите кога е во прашање квалитетот на живот. Посебно сме горди на имплантирањето на керамички ендопротези на колк, како и имплантирањето на тотални протези на рамо.


Превентивни прегледи

Детска превентивна ортопедија, прегледи на локомоторниот апарат почнувајќи од неонаталниот период па сè до завршување на растот. Тука би ги вброиле и неврохируршки методи на третман на вродени и стекнати деформитети на локомоторниот апарат.


Онколошка ортопедија

Дел од интервенциите на нашиот тим е и хируршко отстранување на мускулоскелетните тумори. Тука ќе ги споменеме и имплантација на ревизиони, како и туморски протези кај оние пациенти кај кои тоа е потребно. Во нашата клиника исто така се изведуваат хируршки интервенции на отстранување метастази во коските и во ’рбетот.
 

Доктори во одделот

Copyright © 2025 Developed by Unet All rights reserved.